Образование преку комуникација и технологија

„Образование преку комуникација и технологија“ е проект во рамките на програмата на ЕРАЗМУС+ КА101, мобилност на индивидуи. Проектот беше одобрен во 2020 со траење од 12 месеци, но беше продолжен до 2022 заради пандемијата и неможноста за реализација на мобилностите
Со цел да им дадеме на нашите ученици квалитетно образование, нашето училиште одлучи да ги зголеми компетенциите на своите наставници. По спроведувањето на процесот на самоевалуација во 2019 година, резултатите покажаа дека треба да се решат две главни прашања. Првото е недоволната интеграција на ИКТ и современите технологии во наставниот процес, што доведува до недостаток на мотивација кај учениците да учат и да бидат вклучени во училница заснована на традиционална настава; а втората е слабата комуникација и соработка со родителите за надминување на тешкотиите кои се јавуваат во текот на образованието на учениците. Имајќи го ова предвид, решивме да испратиме членови на нашиот училишен персонал во други европски земји со цел да ги прошириме нивните ставови за користење на нови методологии и технологија во образовниот процес, да стекнеме вештини и компетенции и нови знаења.
Цели на проектот:
Стремежот да се поддржи професионалниот развој на нашите наставници е главната цел на овој проект.
Вештините и компетенциите стекнати во оваа мобилност им помогнаа на нашите наставници да го подобрат образовниот процес со примена на нови наставни методи и нови ИКТ технологии и да ги развијат своите комуникациски вештини кога станува збор за соработка со родителите, да научат како да изградат стимулативна и поддржувачка атмосфера за учениците што придонесува за редовно посетување на наставата.
Учениците и родителите, како и другите членови на училишниот персонал, директно имаат корист од овие мобилности преку процесот на дисеминација со споделување на вештините стекнати во земјите на ЕУ, со што се вклучува Европската димензија во проектот.
Активности на проектот:
Во рамките на проектот 6 членови на нашиот училишен персонал посетија две обуки во Шпанија.
Првата мобилност за наставници се одржа во Шпанија, Тенерифе и ги опфати стратегиите, алатките и методите што треба да се применат за да се изгради добар и траен однос со родителите, со што ќе се придонесе за подобрена вклученост на учениците во образовниот систем.
Во септември 2021, тројца наставници од нашето училиште учествуваа на петдневна обука во Шпанија, Тенерифе, со наслов „Родители и наставници – градење мостови“, при што се запознаа со следните теми: улогите и целите на родителите и наставниците во образовниот систем; важноста од добар однос помеѓу родителите и наставниците, кој што резултира со повеќекратни придобивки кај учениците, при што се подобруваат нивните академски постигнувања, социјалните вештини и емоционалната добросостојба; потребата да се направи договор меѓу наставниците и родителите на почетокот на училишната година за се подобрат резултатите кај учениците; согледување на очекувањата на родителите од наставниците, како да се создаде емоционално безбедна и позитивна средина за учениците во училиштето; ефективни начини за комуникација со родителите како главен предуслов за подобрување на резултатите на учениците; вклучување на родителите во образовниот процес и нудење поддршка во рамките на целиот процес; важноста од препознавање на потребите, чувствата и очекувањата во процесот на градење односи со родителите.
Наставници имаа можност да ги развијат и прошират своите вештини со цел градење силна врска со родителите. Исто така, беа презентирани и нови алатки за комуникација како што се методот на ненасилна комуникација и методот на Енрајт, но и нови техники во градењето односи со родителите.
Разбирањето на важната улога на емпатијата и чувствата во случај на решавање проблеми во училишната заедница беше исто така потенцирана како важна, а со тоа и можноста да се искористи знаењето во пракса со анализирање на реални ситуации.
На крајот од обуката беше предложена стратегијата со цел спроведување на добрите практики во училиштата на учесниците врз основа на знаењата, вештините и компетенциите стекнати од нив за време на обуката.
Втората мобилност придонесе за стекнување на вештини неопходни за инкорпорирање на новите технологии во наставата. Учење како да се користат онлајн апликациите и мобилните уреди за поддршка на учењето, како да се најдат и соодветни ресурси за часовите, како да се инкорпорира информатичката технологија во различни предмети се дел од активностите што се одвиваа во оваа мобилност.
Во рамките на истата програма, тројца наставници присуствуваа на седумдневна обука во април 2022 во Барселона, Шпанија, со наслов „Интегрирање на ИКТ во наставата“.
Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите и развивање на вештините за употреба на ИКТ во наставата, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на образовниот процес при учење на далечина (онлајн учење).
Обуката се одвиваше во просториите на SpainBcn-Programs во Барселона, Со обуката беа опфатени следните дигитални алатки, односно апликации за учење на далечина: Socrative, Quizlet, Quizziz, Google Slides, LiveWorksheets and Kahoot, EducaPlay.
Обуката во училиштето се состоеше од групни и самостојни активности, вежби, дизајнирање на свои задачи, нивно решавање и доаѓање до заклучоци преку соработка и рефлексија, односно презентација, дискусија и слично, со практична примена на споделеното – „Learning by doing“ (целта, да се прифати моделот на работа: учителот насочува, ученикот е тој што истражува и учи за да научи развивајќи критичко размислување, формирајќи свој став и заклучоци, наместо застарениот модел на класично предавање).
Резултатите што очекуваме да ги постигнеме по завршувањето на активностите од проектот се потврдување и развивање на педагошките и комуникациските вештини на наставниците, подобрување на перспективите и можностите за развој на секој ученик, стекнување вештини и знаења неопходни за создавање и имплементација на платформи за е-учење, инкорпорирање на дигитални технологии во образовните лекции во однос на до интердисциплинарен пристап, споделување искуства и размена на најдобри практики со учесници и образовен кадар од цела Европа, како и воспоставување контакти со поединци и организации кои работат на полето на образованието во Европа, збогатување на комуникациските вештини, подобрување на компетенциите за странски јазици, проширување на професионалниот речник и промовирање на широката лингвистичка разновидност на ЕУ, со цел долгорочна придобивка, долго по завршувањето на проектот.