Обука за наставници од земјоделско-ветеринарни училишта од Македонија и Србија

Нашата професорка Росана Младеновска беше дел од обуката за наставници од земјоделско-ветеринарни училишта од Македонија и Србија, во рамките на проект Agri Tech Solutions за иновативно одржливо земјоделство подржан од Фондација Темпус, финансиран од Еразмус + Програмата на Европската унија.
Со оваа обука наставниците се стекнаа со знаења и вештини кои се неопходни за имплементирање на учење базирано на проекти (PBL) во нивните училници како дизајнирање, управување и оценување на проекти водени од ученици кои се справуваат со реални земјоделски предизвици, од областа на одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, нови технологии во земјоделството и обновливи извори на енергија во земјоделството.

Политика на приватност
лого брака миладиновци 2

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе за политика на приватност

Политика за користење на колачиња (cookies)

Ние користиме колачиња. Доколку се согласувате, само кликнете „Прифаќам“

Види повеќе за колачињата