Нашите ученици со поддршка од здружението ,,Среќен живот од Тетово” и Еразмус+ успешно го реализираа проектот за мобилност на учениците во градот Крижевци, Хрватска, на тема ,,Практична обука за квалитет на млеко и производство на млечни производи”. Обуката се спроведе во периодот 22.3. – 7.4.2022 година, каде што учествуваа и средните училишта ССОУ „Моша Пијаде” од Тетово, СОУ „Кочо Рацин“ од Св. Николе и ССОУ „Киро Бурназ“ од Куманово. Учениците се здобија со знаење за теоретска и практична работа во производствените објекти интегрирани во Средна господарска школа во Крижевци, како и во околните поголеми фарми кои се занимаваат со производство и преработка на млеко и млечни производи. Во тој контекст се применуваа најсовремени еколошки методи за превенирање и заштита на околината, благосостојбата на животните, како и на производниот процес и производите. Во знак на успешната обука на учениците им се доделени соодветни сертификати. Изработи: Валентина Крстевска.