Денеска во посета на нашето училиште беа дваесет директори од биотехничките училишта од повеќе градови во Република Словенија.
Директорот на нашето училиште, г. Константин Василевски, заедно со своите најблиски соработници, ги пречека гостите и ги запозна со содржините на училиштето, како и со наставните програми по кои се остварува образованието на нашите ученици.
Беа разменети искуства со директорите од Словенија со надеж дека досегашната заемна соработка ќе биде надградена во наредниот период со нови заеднички проекти.