Директор
Константин Василевски
Човечки ресурси
Работењето на една организација не може да се замисли без материјално-технички, финансиски, информациски и човечки ресурси.
Луѓето со своите способности и целокупниот ментален и физички капацитет, претставуваат најважен ресурс во една организација.
Стратешките планови на училиштето (квалитетно образование) не може да се реализираат без да се обезбеди соодветна кадровска структура, затоа што успехот на секоја организација пред сé зависи и од луѓето кои работат во неа
Во учебната 2023/2024 година се планира во училиштето работат 75 лица. Од нив најголем процент се наставен кадар. Еден дел од наставниот кадар доаѓаат од други училишта надополнуваат часови.
ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВНИОТ КАДАР
Имајќи предвид дека квалитетот на наставниците е најважен училишен фактор за постигањата на учениците, од наставниците се очекува постојано да ги надградуваат своите професионални компетенции. Училиштето води грижа за професионалниот развој на образовниот кадар водејќи сметка редовно да се посетуваат обуките и семинарите кои се одобрени и организирани од МОН и БРО. Стручната служба води професионално досие за секој наставник. Редовно се вршат дисеминации на обуките и семинарите со кои се запознаваат и едуцираат и наставниците кои не биле на обуката или семинарот. Наставниците се должни перманентно да се обучуваат и усовршуваат, со што напредуваат во својата кариера. Напредувањето е врз основа на Правилникот за оценување на работата на наставниците и стручните соработници во училиштето. По барање на наставниците училиштето организира обуки. За финансирање на овие обуки свое учество имаат и самите наставници. Обуките што ги реализира МОН, БРО, ЦСОО, ДИЦ, Градот Скопје и други владини и невладини организации (преку проекти) се на терет на институцијата што ги организира. Обуки можат да реализираат и наставниците од училиштето. Наставниците можат стручно да се усовршуваат и индивидуално, а трошоците ги сносат лично самите.
|
Вкупно
|
Вкупно
|
Македонци
|
Албанци
|
Турци
|
Роми
|
Други
|
||||||
|
м
|
ж
|
м
|
ж
|
м
|
ж
|
м
|
ж
|
м
|
ж
|
м
|
ж
|
|
Број на вработени
|
75
|
32
|
44
|
15
|
36
|
17
|
8
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
Број на наставен кадар
|
56
|
26
|
31
|
9
|
23
|
16
|
8
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
Број на стручни соработници
|
5
|
1
|
4
|
1
|
4
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
Административни работници
|
2
|
0
|
2
|
0
|
2
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
Техничка служба
|
12
|
5
|
7
|
4
|
7
|
1
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
Директор
|
1
|
1
|
0
|
1
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|