Техничар по ветеринарна медицина

ИЗВАДОК ОД НАЦИОНАЛНАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ, РЕГИСТАР НА СТАНДАРДИ НА КВАЛИФИКАЦИИ
Тип на квалификација: ТЕХНИЧАР ПО ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА
Код на квалификација: 00074
Ниво на квалификација: 4
Тип на квалификација: стручна
Сектор: Земјоделство, рибарство и ветеринарство
Опис на квалификација:
Оваа квалификација на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции за:
-    Планирање, подготовување и организирање активности, самостојно или под надзор и по налог на лиценциран  доктор по ветеринарна медицина (ДВМ);
-    Асистирање во прегледот, дијагностиката и лекувањето на животните;
-    Учество во лабораториски испитувања и контрола на храната од животинско потекло;
-    Апликација на ветеринарно-медицински препарати и средства за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) под надзор на лиценциран ДВМ;
-    Подготвување и давање храна на домашните животни;
-    Спроведување на зоотехнички, зоохигиенски, и превентивни мерки за здравствена заштита на животните;
-    Водење на ветеринарна евиденција, вршење на вештачко осеменување, обележување на животните и други работи од техничка природа поврзани со здравствената заштита на животните, согласно со законските прописи за борба против заразните болести кај животните кои ја загрозуваат целата земја, како и здравјето на животните и луѓето;
-    Почитување на стандардите на квалитетот, принципите на ветеринарна етика, штитење на сопственото здравје, и здравјето на соработниците;
-    Заштита на животната средина и применување на принципите на добра ветеринарна, работна и добра хигиенска пракса.
Техничарот по ветеринарна медицина после завршување на средното образование ќе може:
-    Да работи како асистент (помошник) при преглед, дијагностика и лекување на животните во ветеринарно-медицински институции;
-    да работи во сточарските капацитети и други објекти за чување и одгледување на животни;
-    да спроведува зоотехнички, зоохигиенски мерки, да се грижи за нега и благосостојба на животните;
-    да работи во индустриските капацитети за производство и преработка на храна од животинско потекло (кланици, месни и млечни индустрии);
-    во лабораториите за испитување и контрола на квалитетот на храната од анимално потекло, микробиолошки и паразитолошки лаборатории;
-    да извршува одредени работи од технички аспект во други институции кои се занимаваат со ветеринарно-медицинска дејност (институти, факултети) и инбституции кои чуваат и одгледуваат животни (зоолошки градини, одгледувалишта на кучиња, пет-шоп продавници и сл.), како и бо резервати за дгледување на диви животни.

СПЕЦИФИЧНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УПИС
Редовни и вонредни ученици со завршено основно образование или тригодишно образование од другите квалификации односно;
-    стекнато 1 ниво од Националната рамка на квалификации (НРК) или стекнато 3 ниво од НРК;
-    да не е постар од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години.
Вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:
-    да е постар од 17 години;
-    да е на боледување подолг период;
-    да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето;
-    да е во работен однос;
-    во други случаи утвредени со Статутот на училиштето.
НАПОМЕНА: ЗА ПОДЕТАЛНИ УПИСИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, СЛЕДЕТЕ ГО КОНКУСРОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.