Виетнамско прасе

Pot-bellied pig / Sus scrofa domesticus

Свињите спаѓаат во класата цицачи, во редот на чапункари.
Виетнамското прасе е тродиционална виетнамска раса на мали домашни свињи. Се одгледува во многу земји во светот, во фарми, зоопаркови или како лабораториско животно.
Во Соединетите Американски Држави првпат се внесени 1984 година и за кратко време почнува да се одгледува како домашно милениче.
Виетнамското прасе е црно, со силно збрчкана кожа, кратки нозе, голем обесен стомак, кој кај бремените маторици може да се влече по земја.
Главата му е мала, со кратка напрчена муцка, мали уши и очи и тешки опуштени образи.
Виетнамските прасиња се препознатливи по изразениот и голем стомак. Ова се должи на нивната исхрана: јадат сб што ќе им се даде, а нивната природна храна е: тешко сворлива трева, бамбус, оризова слома, водни растенија, породи што им се проширил стомакот.
Доколку имаат можност, ќе јадат цел ден без престан.
Отпорни се на болести и на паразити. Особено добро се приспособени на мочурливиот и каллив терен на кој обично живеат: имаат плантиградни стапала, стапнуваат на земја со целото стапало, на сите четири прсти на секоја нога.
Нивната просечна тежина е од приближно 50 кг, а просечната висина од околу 36 см. Бавно растат, се одгледуваат заради вкусното месо.
По парењето, бременоста им трае 115 дена, по што се раѓаат од 1 до 15 прасиња. Женските единки постигнуваат полова зрелост многу рано, на три до четири месеци, а мажјаците на шест. Тоа придонесува за многу брзо размножување.
Живеат до 20 години. До 1970-тите веројатно, биле најбројна раса свињи во Северен Виетнам со милионски бројки, додека до 2010 година бројот се намалува на само 120 илјади единки. Во 2007 година, ФАО ги прогласува за загрозен вид.

Можеби знаете а можеби не...
Виетнамското прасе не се поти, па затоа при високи температури обожава да се прпелка во вода и кал.
Се смето за едно од најинтелигентните животни, па според некои наводи, полесно се дресираат дури и од кучиња.
< >