Cervus eleaphus
Се среќава како: обичен елен, благороден елен, ридски елен или црвен елен. Живее ширум Европа, Кавказ, Мала Азија, делови од западна и средна Азија; северозападна АФфрика;
дополнително населен во Австралија, Нов Зеланд, Јужна А мерика. Во Македонија, некогаш бил распространет по ридско-планинските краишта, но подоцна исчезнал. Денес повторно го има во националните паркови Маврово и Пелистер, резерватот Јасен: во ловиштата Кадина река и Пониква.
Во Македонија еленот е дивеч под заштита за кој е утврден ловостој од 1 февруари до 31 август.
Еленот спаѓа во подредот преживари. Има околу 18 подвида, иако точниот број се уште не е доистражен поради сличностите.
Поради големиот број подвидови, има разлики во големината. Најголемите единки тежат и преку 300 кг, а долги се преку 2,5 м и високи 130-160 см.
Еленот има складно и мускулесто тело, со високи и силни нозе кои во трк може да достигнат брзина од 6Бкм/час; да скокнат 12 метри во должина и 3,5 метри во висина. Знаат да пливаат.
Мажјаците имаат карактеристични рогови обично долги околу 70 см. Паѓаат после сезоната на парење, а повторно растат наредната пролет и тоа со брзина до 2,5 ем на ден. Исхраната е мошне разновидна. Највеќе јадат трева и мешункасти растенија: зиме суви листови, кора од дрвја и грмушки, гранчиња од борови и смреки, желади, костени, ореви, печурки, лишаи, бобинки. Пасат наутро и на квечерина.
Сезоната на парење е наесен. Еден возрасен мажјак може да има дури до 20 женки во група, наречена харем. Во тој период, мажјакот ретко јаде и губи до 20% од телесната тежина: не ретко е толку истоштен што умира во текот на зимата. Бременоста трае 33-34 недели и наредната пролет
во мај или јуни се раѓа најчесто едно еленче, многу ретко две. Тешко е 13-16 килограми. Со мајката останува речиси цела година, а полово
созрева на 16 месеци, или до наредната есен. Во природа живее 10-13 години, во зависност од грабливците. Негови природни непријатели се
волкот, мечката, рисот... сепак, најголем непријател е човекот.
Можеби знаете а можеби не...
Во многу делови од светот, животното се одгледува заради месото, често неточно наречено „срнешко месо“.
Ако лавот е крал на џунглата, тогаш еленот сигурно е крал на шумата. Плени со својата елеганција. Симбол за мир, баланс и благородност. Токму затоа, еленот се наоѓа на многу мозаици од античко и ранохристијанско време, кај нас во Стоби, Хераклеа, Охрид... На логото на нашиот Зоо парк доминира силуета на елен со прекрасно развиени рогови.