Зајак

Lepus europaeus

Постојат 32 вида и значителен број подвидови, а најпознат меѓу нив е европскиот зајак.
Европскиот зајак или обичен зајак е домороден во Европа и Западна Азија, но од човекот е населен низ целиот свет: Северна и Јужна Америка, Ирска, Австралија, Нов Зеланд и многу острови. Зајакот живее сам, освен во времето на парење. Живее на полиња и ливади или во отворени шуми во близина на земјоделските области со умерена клима. Вообичаено, зајаците се мирни животни, но го менуваат однесувањето напролет, кога ќе дојде периодот за парење. Активни се ноќе. Слабо гледаат, но имаат добар слух и мирис.
Во текот на денот се кријат во браздите на обработливото земјиште или во грмушките, но не копаат дупки. Иако обично се тивки, зајаците може слабо да трчаат, а повредените или уловените испуштаат крик. Зајаците имаат продолжено време на парење од јануари до август. Пролетта е „време на трка" кога зајаците се бркаат едни со други и има тепачки, клоци со задните нозе или „бокс" со предните шепи. Долго време се сметало дека ова се борби помеѓу мажјаците заради парењето, но истражувањата покажале дека женките обично ги удираат мажјаците кога не се подготвени за парење. Бременоста им трае 41 - 44 дена, а породувањата се од март до октомври, обично 3 до 5 пати. Се раѓаат 2 - 4 зајачиња, но може и само едно зајаче или дури осум. Младенчињата веднаш прогледуваат и веднаш можат да го напуштат леглото во случај на опасност. Цицаат две недели. Младенчињата преку ден се сокриени и излегуваат во самрак, кога нивната мајка ги храни. По еден месец се независни, а сексуално созреваат на 7 месеци. Животниот век им е до 12 години, но во природата обично живеат до 4 години. Исхраната на зајаците е претежно растителна. Во лето јадат трева, зелјести растенија и посеви. Обожаваат прокељ, зелка, грашок, репка, пашканат, морков. Зиме, јадат гранчиња, пупки, кора од млади дрвја. Предизвикуваат штета на земјоделските култури, особено на овошните насади. Европскиот зајак е еден од најголемите, со тежина обично 2,5 - 4 кг (максимум 7 кг) и должина 48 - 75 см. Зајаците имаат одличен слух, чувство за мирис и видливост од скоро 360°. Негови природни непријатели се некои птици грабливки (орел, големи бувови) и ѕверови (лисица, волк, дива мачка, рис). Сепак, најголем непријател им е човекот кој го лови како дивеч, а падот на популацијата зајаци се должи и на индустрискиот начин на обработка во земјоделството.

Можеби знаете а можеби не...

Зајакот нема значителен сексуален диморфизам, т.е. надворешно не се разликуваат машките од женските единки.
Дивиот зајак може да трча со брзина од 77 км/час со што се вбројува во десетте најбрзи животни.
< >
<
>