Меѓународна соработка со Р. Србија

Уште една успешна меѓународна соработка на нашето училиште, овојпат со Земјоделското училиште „Радош Јовановиќ Сеља“, од Прокупље, Р. Србија. Нашата директорка Елизабета Ангелеска им приреди срдечно добредојде. Нашите професори пак, Гордана Секоска, Росана Младеновска и Ивце Пивце, заедно со дел од учениците, презентираа некои од нашите содржини: Зачинската градина, Аквапониката, Мексиканското катче, како и Дивиот Запад. Сепак, Зоолошката градина предизвика најголемо внимание. Беше потпишан и Меморандум за соработка и размена на идеи и искуства. На крајот, на неформалната дружба во нашата училница на отворено, на нашите гости им беа врачени подароци, како и ветување за возвратна средба наскоро.