Уште една голема победа на науката и медицината.
На денешен ден, пред 140 години, Роберт Кох го обелоденува своето откритие: го пронашол бацилот на туберкулозата.
Дотогаш, секој седми жител од САД и Европа умирал од туберкулоза.
Оттогаш туберкулозата веќе не е смртоносна епидемија во модерниот свет.
Сепак, во земјите од третиот свет, годишно сѐ уште умираат 1,6 милиони луѓе.
Светската здравствена организација го одбележува денешниот ден како Ден на борба против туберкулозата, со намера медицината да стане достапна за сите луѓе на земјината топка.