Во периодот од 05.12.2022 – 05.03.2023 до 23.59 ч. на електронската или физичката адреса на училиштето пристигнаа над сто цртежи и четириесет литаратурни творби.
Во периодот од 06-09.03.2023 г. стручните комисии кои беа формирани за ликовно-литературниот конкурс, секоја засебно, ги разгледуваа пристигнатите творби. На 10.03.2023 г. комисиите ги прогласија најдобрите.
На ликовниот конкурс победници се:
Прво место освои цртежот на Наташа Србиновска IX одд. од с.Челопек, ООУ „7 Марси“, с. Челопек. Општина Брвеница.
Второ место освои цртежот на Лике Бафтири IX одд. од Зајас, од ОУ „Реџе Рушит Зајази“, Зајас.
Трето место освои цртежот на Викторија Ѓорѓевска IX одд. од с. Теново, од ООУ „Гоце Делчев“ с. Стенче, Општина Брвеница.
На литературниот конкурс победници се:
Прво место освои песната на Максим Костадинов IX одд. од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје.
Второ место освои расказот на Ана Димчевска IX одд. од ООУ „Александар Македонски“ – Скопје.
Трето место освои расказот на Кирјана Милошевска IX одд. од ООУ „Никола Карев“ – Крушево.
Според пропозициите наградите ќе бидат доделени на 22.03.2023 г. на изложба организирана во СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје.