Нашите идни ветеринари од II и III година во посета на Зоолошка градина и Природонаучен музеј.
Практична настава… и не затоа што е задолжително и по наставна програма, туку затоа што уживаат во нивното опкружување; затоа што се љубопитни за разновидните животни; затоа што постанокот на живиот свет и Дарвинизмот за нив не е само еволуција, туку идеологија.
Заради сето тоа, за година-две очекувајте квалитетни ветеринарни техничари и ветеринарни доктори во иднина.
И да не бидеме премногу скромни, голема заслуга има целиот колектив на нашето училиште… а овој пат, професорките Соња Димитриевска и Марија Ручкоманова Соколовска.
