Големата акција за собирање на стаклена амбалажа заврши. Комбето еднаш се преполни, се враќаше по втор пат. Утре ќе ги знаеме точните бројки во килограми. Во меѓувреме, едно големо браво за нашите еко-сограѓани од н. Драчево. Не пречекуваа со насмевки. Сите си добија симболичен подарок, семчиња за цвеќе. Браво и за пријателите од Пакомак; браво за учениците и професорите вклучени во акцијата.
Уживајте во прекрасните еко фотографии.