Агротехничар

Извадок од националната рамка на квалификации, регистар на стандарди на квалификации.
Тип на квалификација: Агротехничар.
Код на квалификација: 00073
Ниво на квалификација: 4
Тип на квалификација: стручна
Сектор: Земјоделство, рибарство и ветеринарство
Опис на квалификација:
Оваа квалификација на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции за:
– контролирање на операции за примена на основните техники при работа во полјоделското, градинарското, цвеќарското, лозарското и овоштарското производство;
– правилно подготвување на земјоделските машини и материјали за растителното производство;
– применување на системи за обработка на површините за производство на земјоделски култури;
– применување на начини и техники на сеидба, садење и расадување;
– применување на мерките за нега на земјоделските култури;
– навремено и правилно прибирање на земјоделските култури;
– примена на принципите на органското земјоделско производство и можностите за преминување од конвенционално во органско земјоделско производство;
– организирање на работа во сточарското производство;
– спроведување на пропишани технологии за работа, контрола за соохигиенски и микроклиматски услови во објектите за чување на животните;
– контролирање на условите за здравје и благосостојба на животните;
– водење грижа за набавка, складирање и потрошувачка на сточна храна;
– контрола на пропишани мерки за исхрана на сите видови и категории на животни;
– контролирање на млечност, прираст и носивост;
– следење на сите промени на животните во текот на производството;
– контролирање на условите за безбедно складирање и чување на производите од сточарското производство;
– планирање на бројот на работници, водење евиденција за работа на работниците и контрола на квалитетот и квантитетот на извршената работа;
– учествување во изработка на план за работа, земање примероци за анализа на сточарски производи и сточна храна;
– преземање соодветни агротехнички мерки во согласност со резултатите од анализата;
– водење на евиденција за остварување на работните норми, резултатот на работниците и машините;
– водење матична евиденција за животните;
– водење евиденција за продукција на животните и примена на принципите на органско сточарско производство;
– контролирање на операции за примена на основните техники при работа со земјоделска механизација;
– контролирање на правилната подготовка и проверка на погонските, самоодните и приклучните машини за работа;
– ракување со различни видови трактори и комбајни;
– контролирање на работни операции со земјоделска техника;
– примена на стандарди и правила при транспорт во земјоделството;
– правилна евиденција во производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работно место;
– заштита на здравјето и животната средина.
По завршување на средното образование, агротехничарот ќе може да работи во сите гранки на земјоделското производство, а ќе биде оспособен да води и сопствен бизнис, односно да работи на сопсвена фарма.
СПЕЦИФИЧНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УПИС
Редовни и вонредни ученици со завршено основно образование или тригодишно образование од другите квалификации односно;
– стекнато 1 ниво од Националната рамка на квалификации (НРК) или стекнато 3 ниво од НРК;
– да не е постар од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години.
Вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:
– да е постар од 17 години;
– да е на боледување подолг период;
– да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето;
– да е во работен однос;
– во други случаи утвредени со Статутот на училиштето.
НАПОМЕНА: А ПОДЕТАЛНИ УПИСИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, СЛЕДЕТЕ ГО КОНКУСРОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.