Техничар за агроменаџмент

Извадок од националната рамка на квалификации, регистар на стандарди на квалификации.
Тип на квалификација: Техничар за агроменаџмент.
Код на квалификација: 00075
Ниво на квалификација: 4
Тип на квалификација: стручна
Сектор: Земјоделство, рибарство и ветеринарство
Опис на квалификација:
Оваа квалификација на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции за:
–    Планирање, организирање и контрола на операции за примена на основните техники при работа на фарма;
–    Подготвување на производен план;
–    Подигање на фарма;
–    Утврдување на големина и структура на стопански двор и производна површина;
–    Утврдување на потребна механизација, опрема и уреди;
–    Спроведување на потребните агротехнички и зоотехнички мерки на фармата;
–    Набавување на репроматеријали и средства за работа;
–    Одредување на временскиот распоред на активности и потребниот броја на извршители на фармата;
–    Контролирање на квалитетот на работата на фармата;
–    Евидентирање на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работно место;
–    Планирање, организирање и контрол на операции за промет на земјоделски производи;
–    Утврдување на состојбите на пазарот;
–    Планирање на производство на земјоделски производи и преработки;
–    Изработка на план за пласман на земјоделски производи и преработки;
–    Формирање на продажна и цена на чување;
–    избор  на соодветна амбалажа;
–    организација на дистрибуција;
–    изработка на план за промоција и унапредување на продажбата;
–    организирање на пост продажни активности;
–    контролирање на квалитетот на работата, евидентирање на прометот;
–    користење на машините, опремата и алатот на работно место;
–    заштита на здравјето и животната средина;
–    примена на принципите на добра земјоделска пракса, органско земјоделско производство и други стандарди.

По завршување на средното образование, техничарот за фитомедицина ќе може да работи во растителното земјоделското производство, во прометот и трговијата на средства за заштита на растенијата на големо и мало, во советодавни служби и државни и приватни административни служби.
СПЕЦИФИЧНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УПИС
Редовни и вонредни ученици со завршено основно образование или тригодишно образование од другите квалификации односно;
–    стекнато 1 ниво од Националната рамка на квалификации (НРК) или стекнато 3 ниво од НРК;
–    да не е постар од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години.
Вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:
–    да е постар од 17 години;
–    да е на боледување подолг период;
–    да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето;
–    да е во работен однос;
–    во други случаи утвредени со Статутот на училиштето.
НАПОМЕНА: ЗА ПОДЕТАЛНИ УПИСИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, СЛЕДЕТЕ ГО КОНКУСРОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.