За Нас

СУГС Браќа Миладиновци е формирано во 1964 година, а училишната зграда е подарок од Англиската влада, на разрушеното Скопје после катастрофалниот земјотрес во1963 година.
Училишниот објект е направен како привремен монтажен објект, изграден од четири засебни објекти, од кои едниот е фискултурна сала.
Површината на објектот е околу 3600 м2.
Околу училиштето се наоѓа училишен двор (3000м2), во кој има спортско игралиште и училишна економија (мини ЗОО парк, гаражи во кои е сместена земјоделската механизација, хортикултурен парк и земјоделски површини на кои учениците ја изведуваат практичната настава).
Училиштето е формирано како гимназија. Со воведување на средното насочено образование во 1980 се трансформира во средно стручно училиште, во кое учениците стекнуваат образование од земјоделската и ветеринарната струка.
Со реформите во образовниот систем во  1995 година повторно се воведуваат гимназиските паралелки, па денес тоа е училиште во кое учениците стекнуваат  гимназиско образование и образование од земјоделско-ветеринарната струка.
Училиштето е верифицирано да образува ученици од гимназиско и стручно образование земјоделско-ветеринарна струка.
Земјоделско  – ветеринарната струка работи по реформирана програма со следните образовни профили:

    Агротехничар
    Техничар за агроменаџмент
    Техничар за фитомедицина
    Техничар по втеринарна медицина

Наставата во училиштето се одвива на македонски и албански наставен јазик.


Обработливи земјоделски површини

Парцела во Маркова Сушица – вкупна површина 14.000м2 или 1,4 хектари
Насад од вишни на обработлива површина од околу 6.000 м2 – 600 дрвца на вишни.
Лозје, на обработлива површина од околу 3.000 м2
Парцела во Драчево – место викано Бабајлија – вкупна површина 2 хектари. Обработливата површина се користи за сеење на житни култури
Парцела во училишна економија (двор) – поставување на фолии, поделба на парцели за сеење и садење на марула,спанаќ и арпаџик, хортикултурно уредување на дворните површини со декоративни видови на дрваа и садење на сезонски и повеќегодишни цвеќиња.


Парк на животните

направено живеалишта за животни и тоа:
* Живеалиште за срни во кое има сместен 3 срни.
* Живеалишта за кокошки (кокошарник).
* Живеалиште за 2 носести мечиња.
* Живеалиште за кози и овци.
* Живеалиште за коњи и лама.
* Езерце од 10 м2 кое служи за потребите на живината која користи водена површина за пливање


„Објекти“ за одгледување на растенија

* Современ стакленик, донација од Владата на Чешка Република.
* Аквапоника
* Два пластеника со површина од 20 м2 кои се користат за производство на цвеќе во затворен простор.
Земјоделска механизација
Училиштето е одлично снабдено со земјоделска механицација.


Човечки ресурси

Работењето на една организација не може да се замисли без материјално-технички, финансиски, информациски и човечки ресурси.
Луѓето  со своите способности и целокупниот ментален и физички капацитет, претставуваат најважен ресурс во една организација.
Стратешките планови на училиштето (квалитетно образование) не може да се реализираат без да се обезбеди соодветна кадровска структура, затоа што успехот на секоја организација пред сé зависи и од луѓето кои работат во неа
Во учебната 2020/2021 година во училиштето работат 85 лица. Од нив најголем процент се наставен кадар. Еден дел од наставниот кадар доаѓаат од други училишта надополнуваат часови.


ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Во училиштето се реализира редовна, дополнителна, додатна, консултативна и подготвителна настава.
Редовната настава (теоретската, практичната настава и вежби) ќе се реализира во текот на работната недела.
Изборна настава се реализира во втора, трета и четврта година во гимназиско Образование и трета и четврта година во стручното образование.
За следење на содржини програмирани од училиштето се изјаснија учениците од прва и втора година. Во прва година учениците следат 2 часа „Зачински и лековити растенија“, а втора година „Одгледување на магарето и искористување на магарешкото млеко“.
Подготвителна настава и други форми на помош се организира за учениците кои треба да полагаат испити за побрзо напредување.
Индивидуални програми за работа со надарени ученици
Индивидуални програми за работа со ученици со посебни образовни потреби
Денес на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби во редовниот образовен процес (училиштата) се посветува големо внимание.
Како ученици со посебни образовни потреби се опфатени ученици кои имаат пречки во психофизичкиот развој, ученици со оштетен слух, вид, говор, деца со аутизам, потоа ученици со телесен инвалидитет и др.
Во нашето училиште има инклузија на деца со посебни образовни потреби. Наставниците кои предаваат на овие ученици, под менторство на дефектологот во училиштето изработуваат индивидуални програми за секој ученик посебно.


6.1.2. Воннаставни активности

Училишен спорт
Училиштето во рамките на своите можности организира училишни тимови за следниве спортови: фудбал, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах, тенис, пинг понг. Талентираните ученици заинтересирани за учество во училишните спортови членуваат во овие тимови и редовно ги посетуваат тренинзите и учествуваат во општинските, регионалните и државни натпревари. Секоја година училиштето организира училишни натпревари (септември-октомври) на кои се детектираат талентите за спорт.
Секции и слободни ученички активности


Организација на ученички екскурзии

Во плановите за реализација на воспитно – образовниот процес, СУГС – Браќа Миладиновци предвидува екскурзии поврзани со теми и содржини од наставните програми, завршна екскурзија, стручно истражувачки екскурзии и спортско – рекреативни екскурзии. Спортско рекреативните – екскурзии (еднодневните излети) се изведуваат со учениците од сите години и тоа два пати во годината. За учениците од трета ичетврта година се планирани завршна екскурзија во земјата и странство за запознавање на културни и естетски вредности. Стручните и истражувачки екскурзии опфаќаат активности за постигнување на интегрирани цели од повеќе наставни програми што се од интерес на струката, проектните активности или слободните часови на училиштето. При реализацијата на ученичките екскурзии во предвид се има правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии на учениците од средните училишта.
Ученички натпревари
Училиштето организира училишни натпревари, со цел да се детектираат учениците кои постигнуваат најдобри резултати по одредени предмети , а кои понатаму ќе се подготвуваат за општински, регионални и државни натпревари.


Општествено – хуманитарна работа

Во учебната 2020/2021 година се реализираат 2 крводарителски акции (една во првото и една во второто полугодие).


Безбедност во училиштето

Во случај на елементарни непогоди (поплави, пожари, земјотреси, енормни врнежи од снег и друго) училиштето со тимот за справување од елементарни непогоди врши пробни евакуации, има обележани правци на движење при елементарните непогоди и специфични начини на известување за секоја непогода. И оваа година ќе се реализира пробна евакуација во случај на пожар и ќе се повторат специфичните начини на известување за секоја непогода. Планот за движење при евакуација е истакнат на видни места во училиштето.
За безбедни училишта соработуваме со Министерството за внатрешни работи и други институции.


ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВНИОТ КАДАР

Имајќи предвид дека квалитетот на наставниците е најважен училишен фактор за постигањата на учениците, од наставниците се очекува постојано да ги надградуваат своите професионални компетенции. Училиштето води грижа за професионалниот развој на образовниот кадар водејќи сметка редовно да се посетуваат обуките и семинарите кои се одобрени и организирани од МОН и БРО. Стручната служба води професионално досие за секој наставник. Редовно се вршат дисеминации на обуките и семинарите со кои се запознаваат и едуцираат и наставниците кои не биле на обуката или семинарот. Наставниците се должни перманентно да се обучуваат и усовршуваат, со што напредуваат во својата кариера. Напредувањето е врз основа на Правилникот за оценување на работата на наставниците и стручните соработници во училиштето. По барање на наставниците училиштето организира обуки. За финансирање на овие обуки свое учество имаат и самите наставници. Обуките што ги реализира МОН, БРО, ЦСОО, ДИЦ, Градот Скопје и други владини и невладини организации (преку проекти) се на терет на институцијата што ги организира. Обуки можат да реализираат и наставниците од училиштето. Наставниците можат стручно да се усовршуваат и индивидуално, а трошоците ги сносат лично самите.


Соработка и меѓуетничка интеграција на младите

Нашето училиште, соработува со Градот Скопје, односно со сите сектори кои се значајни за работата на самото училиште, особено со Секторот за образование.
Секторот за образование е вклучен во активностите кои ги презема училиштето за подобрување на целокупната воспитно-образовна работа и решавање на проблемите кои произлегуваат од самата дејност.
Исто така и училиштето зема активно учество во сите активности кои ги организира Секторот за образование и другите сектори, а се значајни како за средните училишта, така и на Градот.
Освен со градот Скопје, училиштето соработува со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и други надлежни институции.
Училиштето ќе ја продлабочи соработката со социјалните партнери со цел поквалитетна теоретска и практична настава.
Освен со институции од земјава, училиштето воспостави соработка со училишта, Невладини организации и сл. од други земји.


Меѓуетничка интеграција на младите
 
Во Република Северна Македонија од дамнина заеднички живеат различни мултиетнички и мултикултурни заедници. Одлика на заедничкото живеење е мултикултурноста и инеркултурноста.
Интеркултурното образование треба да биде еден од приоритетите на образовната политика во Република Северна Македонија и треба постојано да се поддржува од страна на сите релевантни фактори во државата.
Уставот на Република Северна Македонија го гарантира правото на образование на секој поединец, подеднакви услови, што ја претставува суштината на концептот за интеркултурно образование.
Освен во Уставот, и други законски и подзаконски документи ја содржат меѓуетничката и мултикултурната димензија во воспитно-образовниот процес.
Во повеќе документи како на пр., Стратегија за образованието 2018-2025 и акциски план, Концепција за интеркултурно образование, Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата, Професионалните компетенции и стандарди за наставниците, стручните соработници и директорите јасно е нагласено значењето на перманентната меѓуетничка и меѓукултурна соработка во целиот образовен процес се со цел да се зајакне кохезијата, толеранцијат, довербата и меѓусебното почитување. 
Нашето училиште години наназад превзема сериозни активности за мултиетничка интеграција во образованието, па затоа со задоволство се вклучува во реализација на Стратегијата за мултиетничката интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Градот Скопје и во активностите од Акцискиот план.
Во нашето училиште се реализираат заеднички часови (меѓу учениците кои ја следат наставата на македонски и на албански наставен јазик, а се иста година на образование и ист образовен профил).
Сите активности во училиштето се во знакот на мултиетничката интеграција.


Реализирани проекти 2020/2021

Училиштето се вклучи во проектите кои се поддржани од градот Скопје.
Освен во проектите финансирани од Градот Скопје, училиштето во текот на учебната година реализира и други проекти кои се отпочнати во претходната учебна година, односно:
Проект финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој: Аквапоника.
Овој проект опфаќа подигнување на мини систем за Аквапоника, кој всушност претставува одгледување на риби и растенија во симбиоза.
Проект финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој: Вертикална градина.
Проекти финансирани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Училиштето во текот на годината перманентно се јавува на повици за учество во различни проекти кои се интересни како за училиштето, така и за самите ученици.