Австралиски кралски папагал

Alisterus scapularis

Овој егзотичен вид од фамилијата на папагали, има неверојатно убави пердуви со интензивни бои.
Тие се многу нежни, знаат да се забавуваат и да се однесуваат потивко од многу други видови папагали. Природни живеалишта на кралските папагали се Австралија и Океанија.
Птиците претежно живеат во тропски и суптропски диви шуми во Југоисточна Австралија, островите Папуа, Нова Гвинеја и Индонезија. Пронајдени се и во големите национални паркови кои имаат соодветни услови за живот и каде што нема човечка активност. Во зима, тие се преселуваат на места со влажна клима, избирајќи ги густите шуми со еукалиптуси. И покрај фактот дека е претпочитаат да живеат на места што не се посетуваат од луѓето, понекогаш живеат во близина на големи земјоделски фарми.
Во природата, можат да се видат во мали групи. Претпочитаат номадски начин на живот, во јато 40 0 50 птици. Можат да живеат заедно, во кафез со други птици, бидејќи лесно се социјализираат и имаат питом нарав.
За време на парењето, тие живеат во парови.
Женката несе 2 – 6 јајца, врз кои лежи три недели, а за тоа време за неа се грижи партнерот кој носи храна во гнездото. Возрасните единки од двата пола се многу убави и величествени птици.
Егзотично убави, едни од најубавите птици поради интензивната боја на пердувите. Кај мажјаците, главата и градите се црвени, долниот дел на грбот е со сина боја, а опашката и крилјата им се зелени. Врвот на клунот им е портокалово-црвен. Спротивно на тоа, женките имаат зелена глава и црн клун. Достигнуваат должина 42-43 см. Опашката достигнува до 21 см. Тежината на возрасна единка е 2 кг. Просечниот животен век во дивината е непознат, а како миленичиња живеат и до 30 години. Се хранат со семиња, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и цвеќиња.

Можеби знаете а можеби не…

Тие се многу тивки, споредено со другите папагали. Прават пријатни, тивки звуци, така што ретко ги вознемируваат своите домаќини. Друштвени се и брзо се навикнуваат на луѓето. Ако им посветите доволно време и внимание, ќе научат да го имитираат гласот на дресерот и по некој збор. Во Австралија има специјални училишта каде што папагалите се учат да зборуваат. Не сакаат да се галат, гушкаат и допираат.