Meleagris

Мисирката е најкрупната домашна птица. Припаѓа на семејството фазани (Phasianidae) и има сопствено потсемејство мисирки (Meleagridinae) од редот на кокошковидните птици (Galliformes). Опфаќа два вида: дива мисирка (Meleagris gallopavo) која потекнува од шумите на Мексико и САД, подоцна припитомена во облик на домашна мисирка, и паунова мисирка (Meleagris ocellata) со потекло од шумите на полуостровот Јукатан. Мажјаците имаат забележлива месеста брадичка или израсток виснат од клунот. Како и многу други кокошковидни птици, мажјакот е поголем и многу пошарен од женката. Се смета дека потекнуваат од Америка. Први ги припитомиле домородните Индијанци, уште пред доаѓањето на Европејците. Индијанците ги одгледувале мисирките поради шарените пердуви од кои ги правеле лознатите перјаници за глава, за изработка на наметки, постелнина и разни украси што ги користеле за изведба на многу обреди. Се смета дека во Европа се пренесени во 1880 година, најпрво во Австрија. Денес постојат неколку раси на домашни мисирки. Женките се помали од мажјакот. Достигнуваат тежина од 12 килограми, а машките единки 16-18 килограми. Во некои раси мисирките достигнуваат тежина и до 30 килограми, како што е канадската мисирка. Домашната мисирка не е способна за лет, распонот на крилјата изнесува 1,5 – 1.8 метри. Полова зрелост достигнуваат на 7 па дури тогаш се способни да несат јајца. Мисирката лежи на јајцата 28 дена. Младите добиваат пердуви по две недели од испилувањето. Мисирката важи за грижлива мајка која одлично ги чува младите. За разлика од кокошките кои несат јајца секој ден, мисирките несат по едно јајце неделно, па затоа мисирките наЈчесто се одгледуваат за месо. Нивното месо е со многу висок квалитет, низок процент на масти и значително богато со витамини, особено Б-комплекс. Затоа е многу ценето и е со повисока цена.

Можеби знаете а можеби не…

Мисирките можат да бидат агресивни кон луѓето и домашните миленици. Домашните мисирки може да се обидат да доминираат или да напаѓаат луѓе и други птици кои ги сметаат за подредени. Во Бруклин, Масачусетс, им се препорачува на граѓаните да бидат агресивни кон мисирките и да не се повлекуваат чекор наназад доколку бидат нападнати. Официјалните лица, при одбраната, им препорачуваат на луѓето што се нападнати од мисирка „да прават бучава”, да мавтаат со отворен чадор, да викаат и да мавтаат со рацете, да фрлаат кон мисирките со цревото од дворот или со метла и да му дозволат на кучето да лае по нив. Мисирката е задолжителен специјалитет во американската кулинарска празнична традиција за Божиќ и за Денот на благодарноста. Мисиркиното месо има висока цена. На некои пазари има повисока цена дури и од бифтекот.

misirka-001