Nasua nasua
Наречени се уште јужноамерикански коати, коати со прстенест опаш, носести мечиња.
Тие се цицачи од фамилијата ракуни и живеат во тропските и суптропските области на Јужна Америка.
Ги населуваат шумски подрачја источно од Андите на надморска височина до 2 500 м. Должината од носот до опашката изнесува 85 – 13 см, од кои половината отпаѓа на опашката. Тежат 2 – 7 кг.
Препознатливи се по карактеристичната прстенеста опашка и долгите носови (паза на латински значи нос).
Имаат силни канџи со кои ја копаат храната од пукнатини на дрвја, карпи. Многу се вешти во искачување, а опашката им служи за рамнотежа.
Коатите се сештојади, а најмногу сакаат овошје, птичји јајца, ларви од бубачки и инсекти, скорпии, стоногалки, пајаци, мравки, термити, гуштери, мали цицачи.
Од големо значење се за одржување контрола на популацијата на инсектите, но честопати знаат да направат штети на овошните насади или напад врз живината.
Во природата живеат 7-8 години, додека чувани како миленичиња или во зоолошки градини може да живеат и повеќе од 15 години. Женките живеат во големи групи 15 – 30 единки, додека мажјаците живеат сами. Се спојуваат во време на парење, и тоа во периодот кога има најмногу плодови.
По парењето, мажјаците заминуваат, а женките прават гнезда на дрвјата и таму остануваат до породувањето.
Бременоста трае 74 – 77 дена, по што се раѓаат 3 – 7 мали во периодот од април до јуни. По 5-6 недели, женките со малите се враќаат во групата. Женскиот подмладок си останува во групата, додека машките си заминуваат во третата година.
Женките стануваат сексуално зрели на две години, а мажите сексуално созреваат на возраст од околу три години.
Членовите на групата комуницираат преку нежни врисоци, а при знак за опасност или се качуваат на дрвјата или скокаат од нив и се распрснуваат во различни насоки, во зависност од непријателот, дали е птица грабливка или лисица, јагуар, домашни кучиња или луѓе.
Можеби знаете а можеби не…
Коатите се копнени животни, но спијат, се парат и се раѓаат на дрво.
Името коатимунди во превод од индијански значи дека спијат со носовите под стомак (коати – „појас“ или стомак, а тим значи нос).
Името коатимунди во превод од индијански значи дека спијат со носовите под стомак (коати – „појас“ или стомак, а тим значи нос).