Equus ferus caballus
Пони е коњ со мал раст. Поимот води потекло од старофранцускиот збор рошјепет, што значи „ждребе“ или „коњче“. Но, понито е мало и кога е возрасно. Терминот „пони” може да се користи за кој било мал коњ. Денес, за пони се смета коњ со висина на гребенот од 147 см.
Има многу раси на пони коњчиња, но најмалите се нарекуваат минијатурни коњи. Тие не одминуваат висина од 97 см. Многу се издржливи на лоши временски услови. Може да преживеат и на минус 30 ОС. Токму поради тоа, имаат подебела грива, опашка и крзно, како и сразмерно пократки нозе, поширок труп, потешки коски, подебел врат и покуса глава со широко чело.
Предците на пони коњите првично се развиле во сурова природна средина, каде што другите, „големите” коњи не можеле да опстанат. Биле погодни за влечење, како коњи за деца, за рекреативно јавање, а подоцна и како натпреварувачи во сопствената класа. За време на индустриската револуција, поради тоа што се мали, биле користени за влечење вогончиња во ниските и тесни тунели во рудниците за јаглен, особено во Велика Британија. Пони коњчињата обично се сметаат за интелигентни и пријателски расположени. ТТознати се по својата питомост, трпеливост и издржливост. Сепак, понекогаш знаат да бидат инаетливи. Во многу делови на светот се користат за работа, за влечење на разни товарни коли. Тие се неверојатно силни за својата големина. Некои раси може да носат поголем товар од сопствената тежина, а 5 да повлечат и до 450% поголем товар од сопствената тежина. Во однос на исхраната пак, многу се економични и лесни за чување. Тие се тревојади што не преживаат. Сакаат и посебни зодоволства како моркови, (пресечени) јаболка, коцки шеќер, слатки со пеперминт или специјално произведени „колачиња“
за коњи. Но, доколку се хранат рачно, може да развијат склоност кон гризење. Поради тоа, многу обучувачи на коњи и инструктори за јавање се против ваквиот вид хранење.
Напролет, со зголемување на денот, коњите добиваат нагон и се парат. Бременоста трае од 334 до 336 дена. Најчесто се раѓа едно ждребе, но неретко и две. Цицаат до 6 месеци; полово созреваат до две години и остануваат полово зрели цел живот. Просечниот животен век им е 20 до 30 години.
Можеби знаете а можеби не…
Сигурно сте слушнале за „Пони експрес”?!? Тоа било поштенска услуга во САД која ги поврзувало источниот и западниот брег, во должина од 3 100 км. Ја опслужувале 400 коњи со просечна висина околу 147 см и тежина од 400 кг, како и просечна цена од 200 тогашни америконски долари. Токму затоа, најсоодветно било името „Пони експрес“. Обично трчале по 16 км (10 милји) во брз кас или галоп на моменти и до 40 км/час.
Смената на еден јавач, непрекинато дење или ноќе, изнесувала по поминати 130 – 160 км и се менувале 8 – 10 коњи. Тежината на јавачот не смеела да биде поголема од 57 кг, или заедно со опремата вкупно 75 кг. Оваа пошта траела од 3 април 1860 до 26 октомври 1861 година, кога била заменета со појавата на трансконтиненталниот телеграф. Во јуни 2006 година, Поштенската служба на Соединетите Американски Држави објави дека има заштитен знак „Pony Express“ заедно со „Air Mail“.