Capreolus capreolus
Срната е шумско животно, дивеч кој спаѓа во редот на чапункари.
Живее во Средна Европа, Германија, Чешка, Словачка, Данска и Австрија.
Во Македонија најмногу ја има на планините
Бистра, Шар Планина, Осоговските Планини, Кајмакчалан, Кожуф, Малешевските Планини.
Срната е животно преживар. Во летниот период се храни на ливади и пасишта, додека зимно време треба да се прихранува.
Срната има симетрично развиено витко тело, со тенки и долги нозе.
Во должина може да порасне до 140 см, а во висина до 75 см.
Тежина 25-30 кг, а може да достигне и до 40 кг.
Бојата на летните влакна е рѓесто-црвенкава, а во зима влакната се констенливо-пелелави.
Задниот дел од телото е обраснат со бели влакна и се нарекува огледало.
Срната се пори во текот на јули. Бременоста трае 40 недели или околу 280 дена.
Во мај наредната година се раѓаат по две срнчиња, поретко три. Имаат темнокафедва боја со бели
дамки кои до есента потполно исчезнуваат. Живеат 13 – 15 години, некогаш и до 18.
Најголеми непријатели им се волците, дивата мачка, лисиците, а во време на големи снежни наноси и кучињата скитници.
Поради малата популација, срните во Македонија се ставени во трајна заштита со Законот за ловство.
Можеби знаете а можеби не…
Срната е одличен пливач! Роговите на мажјаците отпаѓаат секоја есен и секоја пролет растат нови!
Живеат во стода и по правило, водач на стадото е мајката со малите срнчиња.
Најпознатата срна во светот е Бамби, од цртаните филмови на Волт Дизни.